Заев пред дипломците на Меѓународниот балкански универзитет: Сакаме најдобрите да ги задржиме дома!

Премиерот ја поддржа одлуката на Универзитетот за формирање и акредитирање на Факултет за медицински науки.

209

Како фондациски и непрофитабилен универзитет, Меѓународниот балкански универзитет во својата досегашна историја на дело ја има докажано својата општествена одговорност и грижа за младите генерации, со доделените преку 1.000 стипендии на најталентираните студенти. Овогодишната одлука на менаџментот на Универзитетот да додели целосни стипендии за најдобрите тројца матуранти од сите средни училишта во државата уште е во согласност со нашата заедничка определба, најдобрите и најталентираните млади да ги задржиме токму овде, да ги образуваме квалитетно и да креираме иднина за нив токму овде, во нашата земја и во нашиот регион.

Ова го нагласи премиерот Зоран Заев денеска, во обраќањето пред дипломираните студенти на овој универзитет, изразувајќи огромно задоволство што се промовираат 250 студенти-дипломци на додипломски и последипломски студии и што ја имаше честа да ѝ ја врачи дипломата на првенката на генерацијата,  Несифе Шабан студентка по психологија со просек 9.87.

– Ја поддржувам одлуката на Универзитетот за формирање и акредитирање на Факултет за медицински науки, согласно исполнувањето на неопходните стандарди. Тоа е навистина храбар исклучително важен и вистински чекор во високото образование – рече Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...