Една од поголемите мистерии поврзани со животот и особено со смртта на Јосип Броз Тито е прашањето зошто на неговиот гроб во Куќата на цвеќето во Белград нема – петокрака.
Српскиот портал Блиц тврди дека ја разрешил таа мистерија. Имено, според овој медиум, така одлучил самиот Тито, кога во 1960 година бил во посета на САД, под импресија од гробот на американскиот претседател Теодор Рузвелт, кој е погребан во правоаголен мермерен саркофаг, а на кој се испишани само неговото име и годините на раѓањето и на смртта.
Наводно, Тито самиот посакал еден ден да почива во таков гроб. Повеќе детаљи за ова прочитајте во статијата на Блиц.
Фото: Википедија