Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ: Европа да не ги казнува граѓаните затоа што оваа влада е неспособна!

Мицкоски од својата партија ќе побара мандат на Владата да ѝ понуди да формираат работни групи, кои ќе работат Македонија да добие датум за преговори со ЕУ барем во октомври.

652

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју на телевизија Телма најави дека ќе побара од партијата мандат на Владата да ѝ понуди да се формираат заеднички работни групи, кои ќе работат на прашањето Македонија да добие датум за преговори со Европската унија барем во октомври.

– Нашиот став е јасен и јас тоа им го соопштив на нашите партнери кога бев во Берлин. Им реков, не ги казнувајте граѓаните затоа што имаат неспособна влада. Има луѓе во Македонија кои се способни, кои веруваат во европските вредности. Граѓаните го заслужуваат тоа – рече Мицкоски.

Според него, не е реално да се очекува Македонија ова лето да добие датум за преговори, но тоа прашање за ВМРО-ДПМНЕ е прв приоритет.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...