Пописот треба да се изведе на начин што ќе се почитува европската регулатива, правилата на ЕУРОСТАТ. ВМРО-ДПМНЕ не е против пописот и не е против вистинска реална статистичка операција која практично ќе детерминира како ќе се развива Република Македонија во следните десетина години.
Ова го изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва на емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.
Мицкоски тоа што пописот сега на брза лента се става во рамките на Собранието, без учество на опозицијата, без учество на главната политичка партија на политичката сцена, е спротивно на сето она што денеска го слушаме како стихозбирка од неколку строфи од страна на владините јуришници, за Европа и за европските вредности.
– Ова ни најмалку не наликува на тоа, туку напротив ова наликува на повторно на една политичка трговија, налик на оние трговии на зелените пазари што се среќаваат во Република Македонија и претпоставувам дека продолжува Зоран Заев да ги отплаќа долговите практично на она што него го опозиционираше таму каде што е веќе еве трета година по ред – рече Мицкоски.