Изгореа два автобуса на неготинската компанија „Дајо Турс“ утрово околу 2 часот додека биле паркирани покрај автобуската станица во Прилеп.
Сопственикот на компанијата се сомнева за подметнат пожар, бидејќи како што пренесуваат медиумите, на видеото од безбедносните камери од соседниот објект се гледало како едно лице бега кон блиската железничка пруга во моментот кога настанал пожарот.
Со автобусите се превезувале работници од Прилеп кои работат за компанијата „Дрекселмајер“ во Кавадарци. Првичната штета сопственикот ја проценува на околу 80.000 евра.
Гаснењето на пожарот траело речиси 3 часа, а навремената интервенција спречила пожарот да ги зафати и објектот до автобуската и други возила.