Скопјанец починал додека планинарел на Водно вчера, соопшти полицијата.
Починатиот М.Ѓ. (68) го видел велосипедист кој се симнувал по планината. Тој во полиција пријавил дека додека се спуштал со велосипед на планината Водно, забелажал лице кое паднало и тешко дишело, по што повикал Итна медицинска помош. Екипата на Итната медицинска помош констатирала смрт без траги на насилство.
По наредба Јавен обвинител телото на починатиот било пренесено на Институтот за судска медицина за обдукција.