Во УКИМ ќе се формира Центар за дијаспора и миграции

75

Министерот без ресор во Владата на Република Северна Македонија,  задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми и ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Никола Јанкуловски, денеска во просториите на УКИМ потпишаа Меморандум за соработка.

Овој Меморандум предвидува соработка за взаемни активности и соработка во советодавна поддршка за развој на политики и стратешки документи за дијаспоратаформирање Центар за дијаспора и миграции во рамки на УКИМ и поддршка во ефективен ангажман на дијаспората.

Меморандумот исто така предвидува и други сродни работи во координација и со договор помеѓу страните

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...