Ново поевтинување на горивата, 2,5 до 3 денари по литар

Според новиот ценовник, бензинот „еуросупер 98“ поевтинува за три денари и ќе се продава по цена од 69 денари за литар, а исто толку се намалува и „евросупер 95“ и ќе чини 66,50 денари.

793

Горивата од полноќ на бензинските станици во земјава ќе се продаваат поевтино за 3, односно за 2,5 денари по литар. Вака денеска одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Според новиот ценовник, бензинот „еуросупер 98“ поевтинува за три денари и ќе се продава по цена од 69 денари за литар, а исто толку се намалува и „евросупер 95“ и ќе чини 66,50 денари.

Цената на дизелот се намалува за 2,5 денари и ќе изнесува 60 денари за литар.Екстралесното масло за горење од полноќ ќе се продава по цена од  49,50 денари за литар.

Мазутот ќе се продава за 33.851 денар за килограм.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...