Џеко: Судијата немаше храброст да свири пенал против Барселона

Един Џеко, изјави дека резултатот од првиот меч од четврт-финалето на Лигата на шампионите против Барселона ќе беше поинаков, доколку холандскиот судија Даниеле Макели имаше храброст да досуди пенал против Каталонците.

213

Најдобриот стрелец на Рома, Един Џеко, изјави дека резултатот од првиот меч од четврт-финалето на Лигата на шампионите против Барселона ќе беше поинаков, доколку холандскиот судија Даниеле Макели имаше храброст да досуди пенал против Каталонците во првото полувреме.

Барселона победи со 4: 1, Џезеко го постигна единствениот гол за римјаните, а при резултат 0:0, судијата по прекршок врз него не покажа на белата точка.

– Грдо е што немаат респект кон нас како тим. Ние не сме случајно во четвртфиналето. Да беше досуден пенал натпреварот ќе одеше во друг правец – рече Џеко.

Реваншот е за пет дена во Рим.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...