Тес Томпсон Тели од Кентаки во средината на минатата година на Фејсбук се пофалила со скелет од жирафа која самата ја убила во Јужноафричка Република.
Нејзините фотографии молскавично се прошириле на социјалните мрежи со осуда од милиони луѓе.
Речиси една година потоа, кога јавноста веќе заборави на неа, американската телевизија ЦБС со неа направи интервју.
– Тоа е мој хоби и јас тоа сакам да го правам. Горда сум што се занимавам со лов и горда сум на таа жирафа – изјавила Тес во интервјуто.
Месото од жирафата го изела со семејството, а кожата ја искористиле за навлаки за перничиња и за ковчег во кој ја чува пушката. Таа објаснила дека жирафата ја убила во рамки на мисијата за зачувување на природата во еден од реоните на Јужноафричка Република.
White american savage who is partly a neanderthal comes to Africa and shoot down a very rare black giraffe coutrsey of South Africa stupidity. Her name is Tess Thompson Talley. Please share pic.twitter.com/hSK93DOOaz
— AfricaDigest (@africlandpost) June 16, 2018
– Многу мислат дека најлесно е да пукнеш. Но не е така. Тоа е најтешкот дел. Но во тој процес стекнувате огромна почит кон животното и благодарност бидејќи знаете низ што тоа минува. Животните се тука заради нас. Ние ги ловиме и јадеме – рекла Тес.
Таа вели дека никогаш не би учестувала во убивање ако тоа не е во рамките на зачувување на природата.
– Со мртвата жирафа се фотографираф бидејќи тоа едноставно е дел од ловечката традиција. Ловците одсекогаш се фотографираат со својот плен. Тоа одеднаш стана проблем откако се појавија социјалните мрежи – вели Тес.
И покрај негативните критики ширум светот, Тес вели дека не жали и дека и натаму апсолутно ќе продолжи да лови.