Баша: Битката продолжува до заминувањето на Рама

164

Со пораката на лидерот на Демократската партија Љуљзим Баша упатена од пред партиското седиште дека започната битка на опозицијата и граѓаните, кои се пообединети од кога било, ќе продолжи се до заминувањето на премиерот Еди Рама и формирање преодна влада,заврши осмиот „национален протест“ на албанската опозиција.

Баша уште порача дека опозицијата нема да направи ниту чекор назад зашто гласот на протестантите се слушнал низ целиот свет.

– Учеството, единството, отпорот, издржливоста е нашата сила а вашата сила е незапирлива. Тоа е вашиот глас кој се слушна од Берлин до Брисел од Лондон до Вашингтон. Нема повлекување се додека не ја урнеме тиранијата. Вечерва е многу значајна вечер за нашата битка. Вечерва е многу значајна ноќ во нашата битка која ќе продолжи се до заминувањето на најголемот криминалец Еди Рама и формирање преодна влада – рече Баша.

Во првото обраќање, на почетокот на протестот, пред Владата, Баша му се заблагодари на претседателот Илир Мета за одлуката да ги одложи локалните избори,но оцен дека тоа е само еден мал чекор напред во започнатата битка.

– Одложувањето на 30 јуни е прв доказ за нашата обединета моќ, но не е крај на нашата битка. Тоа е само мал чекор напред во битката што заедно ја водиме и во која од ден на ден сме се побројни. Ние ќе продолжиме со оваа битка до извојување на целосна победа, ние сме одлучни во тоа. Рама што побрзо треба да си оди – рече Баша, по што ги повика учесниците во протестот да ги запалат моблните телефони и да се упатат кон Парламенот.

За разлика од пред Владата, каде имаше инцидентно фрлање на по некоја димна бомба а многу повеќе извикувања „Баша,Баша“, „Рама од си“, „Албанија како цела Европа“, состојбата беше потензична пред законодавниот дом. Таму протестантите почнаа да фрлаат димни бомби и тврди предмети кон полицијата, по што таа беше принудена да употреби водени топови и солзавец.

По апелот на претседателот Мета упатен до раководствата на политичките партии да ги повлечат протестатите од пред Парламентот, на повикот на Баша тие тоа и го направија.

Ова беше осми „национален протест“ на обединетата албанска опозиција,на кој според органзаторте само од внатрешноста учествувале над 70.000 граѓани. Првиот голем протест беше одржан на 16 февруари.

Фото: EPA/Malton Dibra

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...