Борис Џонсон одбива да плати „сметка за разводот“ со ЕУ од 39 милијарди фунти

414

Поранешниот британски министер за надворешни работи Борис Џонсон, фаворит за нов британски премиер, рече дека ќе одбие да плати сметк„а за разводот“ од 39 милијарди фунти ако ЕУ не понуди подобри услови.

– Велика Британија ќе плати „сметка“ вредна 39 милијарди само ако постои „поголема јаснотија“ во постигнувањето на договорот – изјави Џонсон во интевју за Сандеј тајмс.

– Отсекогаш сум сметал дека е многу необично да се согласиме да потпишеме чек пред постигнување конечен договор – додаде тој.

Премиерката Тереза Меј во петокот поднесе оставка во Конзервативната партија со што почна трката за нејзин наследник, но не и за паралментарни избори.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...