Од што и како ученикот ја правел бомбата за терористичкиот напад во Пловдив (ВИДЕО)

622

Бугарските органи објавија видео од тоа што заплениле кај ученикот кој планираше терористички напад во Пловдив.

Претходно обвинител на прес-конференција појасни дека во средата добиле дојава, од блиски на 16-годишното момче. Бугарската агенција за безбедност и контраразузнавање ДАНС информирала дека станува збор за ученик, кој се радикализирал. Потоа е извршен претрес на две простории кои ги користело детето, кое инаку е ученик во елитна гимназија во Пловдив и е од добро ситуирано семејство.

Обвинителот го оквалификува како „супер интелигентен“.

При претресот пронајдени се подготвени и во изработка експлозивни направи. Една од тие експлозивни направи е како оние кои најчесто се користени во бомбашките напади во САД. Исто така постои и експлозивен уред во процесот на подготовка, т.н. бомби со нокти. Супстанцијата за правење на таква бомба е употребено за некои од нападите во Белгија, Франција и Сарафово. – Супстанцата што се користише во Сарафово е помеѓу 2 и 3 кг, а сега станува збор за 14,5 килограми од оваа материја, истакна Гешев. Тој уште додаде дека ученикот бил врбуван од терористичката „Исламска држава“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...