Возачите во Скопје вчера удриле тројца пешаци и еден велосипедист

90

Во текот на вчерашниот ден во Скопје од автомобил биле удрени вкупно тројца пешаци и еден велосипедист, информираат од МВР.

Првата несреќа се случила во 11:20 часот на улицата  „Димитрие Чуповски“ кога автомобил „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 28-годишниот С. А. удрил во 72-годишен пешак.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот М. А. од Скопје и бил пренесен во комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Втората несреќа се случила во 16:25 часот на булеварот „АСНОМ“ кога патничко моторно возило „хундаи акцент“ со скопски регистарски ознаки управувано 22-годишниот З. С. од Скопје удрило во 82-годишен пешак.

Во незгодата со тешки телесни повреди повреди се здобил пешакот Н. Д. (82) од Скопје и бил пренесен во комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Третата несреќа се случила во 18:20 часот на булеварот “Партизански одреди“ кога возило удрило во 14-годишна малолетничка од Скопје и избегало од местото на настанот.

На улицата „Козле“ вчера во 21:35 часот се случила сообраќајна незгода во која тешко повреден е еден велосипедист. Во несреќата учествувале патничко моторно возило „Опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А. Б. (35) од Скопје и велосипед управуван од Г. Г. (59) од Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...