Град Скопје: Во рекордно време ја реконструиравме „Димитрија Чуповски“

460

Во рекордно време, за помалку од 2 недели, заврши реконструкцијата на улицата Димитрија Чуповски, на потегот од крстосницата кај „Палома бјанка“ до крстосницата со булеварот Свети Климент Охридски, се пофалија од Град Скопје.

„На улицата „Димитрија Чуповски“ се изврши комплетно отстранување на постојниот коловоз и се постави нов асфалт во три слоја. Реконструкцијата се изврши на потег во должина од 240 метри, на површина од 3.750 квадратни метри. Во наредната фаза предвидена е и комплетна реконструкција на велосипедските и на пешачките патики на овој потег, од двете страни на улицата“, наведуваат во соопштението.

Реконструкцијата на улицата „Димитрија Чуповски“ ја извршија екипите на Бауер БГ, а за реализацијата на овој проект Град Скопје издвои 4.543.285 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...