Мопедист загина во сообраќајка на новиот автопат, возел во спротивна насока

1782

Триесет и едногодишен маж од Велес кој упаравувал со мопед загина при судар со автомобил на автопатот Штип-Свети Николе кај штипското село Кривидол, информира портпаролката на СВР Штип, Гордана Панајотова.

Според неа, автомобилот кој се судрил со мопедот бил со скопски регистарски таблички, а во несреќата учествувале уште две други возила. Полесно се повредени и возачот на автомобилот мерцедес и двајца негови сопатници кои се малолетни лица. Од страна на Итната медицинска помош се пренесени на лекување во Клиничката болница во Штип.

Според очевидци, несреќата се случила поради возењето на мопедот кој бил без регистарски таблички во спротивна насока на автопатот.

На местото на несреќата увид имаат извршено крим техника на СВР Штип и основен јавен обвинител.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...