Клучниот дел на реформата во јавната администрација е граѓаните да ги добиваат услугите на своите мобилни уреди, шалтери веќе да нема, смета министерот Дамјан Манчевски.
Тој вечерва во гостување на Отвореното студио на МРТ заедно со премиерот Зоран Заев и министрите за труд и социјална политика и за здравство, Мила Царовска и Венко Филипче, повтори дека од септември платите во јавниот сектор ќе се зголемат за пет отсто.
– Граѓаните се во право, администрацијата е лицето на државата, особено шалтерските работници. Се обидуваме да го смениме тоа лице. Но, сметам дека клучниот дел на реформата во јавната администрација е граѓаните да ги добиваат услугите на своите мобилни уреди, да нема шалтери – нагласи Манчевски.