Неофицијално од МВР потврдуваат дека се приведени речиси 200 полски навивачи кои, како што објавивме претходно, денеска попладнето се степале во Градскиот парк во близина на стадионот.
Проблематичните навивачи ќе останат во полиција додека не заврши фудбалскиот натпревар меѓу Македонија и Полска за да се спречат други инциденти.
Навивачите од Полска и вчера предизвикаа нереди во Скопје, се степаа во кафуле на плоштадот Македонија.