Лајчак: Отворањето на преговорите за Македонија би бил стратешки важен потег на ЕУ

197
ФОТО: EPA / HAYOUNG JEON

Словачка силно го поддржува проширувањето на ЕУ и отворањето на преговорите за Северна Македонија, рече словачкиот министер за надворешни работи, Мирослав Лајчак на средбата со министерката за одбрана Радмила Шекеринска во Братислава.

Лајчак истакнадека Словачка ќе стори сè да ја прошири пораката дека отворањето на преговорите со нашата земја би бил стратешки исправен потег на ЕУ.

Словачкиот министер со министерката Шекеринска ги понуди автентичното интеграцискo искуство на земјата, преку експертска помош во сите области во текот на интеграциски процес на Северна Македонија во ЕУ.

Министерката Шекеринска се заблагодари за поддршката во овој, како што рече, важен момент за државата, кога од клучно значење е Европскиот совет да донесе одлука за отворање на преговорите на Северна Македонија со ЕУ.

Шекеринска и Лајчак имаа билатерална средба за време на одржувањето на GLOBSEC форумот во Братислава, на кој се дискутираше за иднината на ЕУ и НАТО.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...