Шампионскиот пехар од ракометната Лига на шампионите пристигна и во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.
– Ракометниот клуб „Вардар“ е лекција, љубов, епска приказна. Неговиот успех го славиме сите. Момците имаат срце и позитивна енергија како ретко кој – вели д-р Михајло Ивановски, кој со клубот ги делеше сите предизвици.
Ракометарите, според Ивановски, биле подготвени психички и не правеле непотребен притисок. Секој нивен проблем се решавал брзо, ефикасно.
– Карачиќ имаше проблеми последните три дена кога се повреди, но успеа да се надмине себеси, па затоа е МВП на турнирот. Шишкарев се повреди во финалето, па беше 50/50 дали ќе продолжи да игра. Потоа се покажа дека нема потреба да ризикува, па беше најгласен од клупата – вели докторот, пренесувајќи детали од последните денови на шампионатот.
Клиничката болница „Аџибадем Систина“, како официјален медицински партнер на РК „Вардар“, веќе шест години придонесува за успехот на ракометиот клуб, ставајќи го на располагање целокупниот медицински кадар на болницата.
„Аџибадем Систина“, како што соопштува, продолжува со максималната медицинска поддршка на македонските спортски клубови и репрезентации, со надеж дека ќе придонесе за нови спортски успеси.