Заев: Со Ципрас сме другари до крајот на животот, Договорот од Преспа има иднина

1031

Одлуките на политичарите кај сите соседи, така и во соседна, пријателска Република Грција, се одлуки на политичарите, а потоа следуваат одлуки и на граѓаните. Ние одлуките ќе ги почитуваме, изјави денеска премиерот Зоран Заев при посетата на Клиниката за пластична и реконструктивна хриругија во Скопје одговарајќи на новинарско прашање за најавите на грчкиот премиер Алексис Ципрас за предвремени парламентарни избори и како тоа ќе влијае врз Договорот од Преспа.

– Јас го сакам и го почитувам мојот другар Алексис Ципрас. Изградивме лично пријателство. Дури и повикав граѓаните да градат такво пријателство, како јас што сум изградил со премиерот Ципрас. И ние веројатно ќе останеме пријатели и другари до крајот на животот без разлика дали тој ќе биде премиер или јас ќе бидам премиер. Јас знам дека Договорот носи само бенефит. Договорот е ратификуван во двата парламента, јас знам дека нема политичар кој тргнува против интересите на граѓаните што носат договорите. Така иднината на овој Договор е загарантирана и ќе биде позитивна – објасни Заев.

Секако, како што рече, граѓаните одлучуваат кога нас нѐ носат на власт, а кога нѐ менуваат од власт и како ги поставуваат своите постулати во своите земји.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...