Во судница ќе се слушaат „бомбите“ за уривањето на Космос

Покрај за „Т.Н.Т.“, рочиште ќе се одржи и за прдметот „Труст“ каде првообвинет е Сеад Кочан, а во судница треба да седне и Димче Крстев на кого му се суди во одвоена постапка за „Насилството во Центар“.

387

Во Кривичниот суд за денеска се закажани рочишта за три предмети на СЈО, „ТНТ“, „Труст“ и „Насилство во Центар“.

На рочиштето за ТНТ треба да бидат слушани 16 аудио разговори од т.н. „бомби“ кои не се објавени досега во врска со уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот и претседател на Партијата за европска иднина Фијат Цаноски. Во овој предмет обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за траснпорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот градоначалник на општина Гази Баба Тони Трајковски, градежна инспекторка од Гази Баба и тројца членови на општинската комисија за набавки.

Според обвинителниот акт, со постапката на уривање е предизвикана штета од 16 милиони евра, а дополнително на буџетот на општина Гази Баба уште три милиони денари. Цаноски и фирмата ФИМЕТ најавија дека ќе поднесат побарувања за причинетата штета.

Судско рочиште треба да се одржи и за предметот „Труст“ во кој првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан и уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ, за учество на тендер на Електрани на Македонија.

Според обвинението, осомничените со фалсификувани документи местеле тендери во ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра.

Предметот, како што објави СЈО, е оформен врз основа на три прислушувани разговори, од кои два необјавени во јавноста од 3.8.2011 и 6.10.2011 година.

Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи и рочиште за одвоена постапка од предметот „Насилство во Центар“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...