Лавицата Акети од зоолошката во Берлин и четири ему птици бебиња се нови жители во скопската градина.
Дванаесетгодишната лавица пристигна во Скопје пред шест дена и веќе се прилагодува на животот во Скопје. За неколку месеци друштво ќе ѝ прави и лавот кој треба да пристигне од Софија. Лавицата ја добивме благодарение на соработката со Европската асоцијација на зоолошки градини (ЕАЗА). Акети одлично се прилагоди на новото живеалиште и на нејзините негуватели.
Во Скопје пристигнаа и четири ему птици бебиња кои од вработените ги добија имињата Теди, Ким, Бланка и Вили. Бебињата се многу љубопитни и весели, па постојано сакаат да си играат со своите негуватели. Ему птицата потекнува од Австралија и е втора птица по големина во светот, веднаш по нојот. Четирите ему ќе живеат во живеалиштето на кенгурите или реон во зоолошката, познат како „Австралија“. Целиот овој простор наскоро ќе биде реновиран и изграден во абориџински стил со помош на донаторот „Подравка“.