Силна експлозија го затресила шведскиот град Линчепинг, а според првичните информации, повредени се 19 лица.
Експлозијата скршила прозорци и разнела балкони на две згради. Едната имала четири ката, а другата пет.
Насекаде на улицата имало срчи, полицијата ги советува граѓаните да ја избегнуваат оваа област бидејќи улиците се блокирани.