Новак Ѓоковиќ без проблеми влезе во полуфиналето на Роланд Гарос, откако уверливо со 3:0 во сетови го порази Александер Зверев.
Рекетот број еден во светот не беше во најдобра форма, но сепак после два часа игра успеа да го победи германскиот тенисер, кој имаше шанса на првиот сет кога сервираше за освојување на сетот, но сепак го изгуби со 7:5 во гемови.
Останатите два сета, Новак беше сигурен на својот серви, а на Зверев четири пати му го зеде неговиот сервис, со што го обезбеди влезот во полуфиналето на отвореното француско првенство, каде го чека дуел со Доминик Тием.
Доколку ја помине и оваа препрека, Ѓоковиќ во финалето ќе игра против победникот од вториот полуфинален меч меѓу Роџер Федерер и Рафаел Надал