Велешкиот фудбалски стадион именуван во „Градски  стадион Зоран Паунов“

114

На последната седница на Советот на Општина Велес, по предлог на советничката група на СДСМ и коалицијата донесена е одлука велешкиот фудбалски стадион да се именува во „Градски стадион Зоран Паунов“, информира на денешната прес-конференија Пандорка Прличкова од советничката група на СДСМ.

Таа  искажа јавна благодарност на сите велешани што дале подршка за оваа одлука.

– Велес има многу важни имиња, но капитенот на ФК „Борец“ човекот кој играше за „Пелистер“ и „Вардар“ достојно претставувајќи го Велес на домашна и меѓународна сцена, сметаме дека заслужува да биде патрон на Градскиот стадион, појасни Прличкова. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...