Ѓилас: Вучиќ живее во Матрикс

433
ФОТО: МИА

Претседателот на Странката за слобода и правда (ССП) од опозицискиот блок -Сојуз за Србија (СзС), Драган Ѓилас, изјави денеска дека е потребно, за да се дојде до избори во Србија, да се намалат тензиите и омразата и да сите што ќе излезат на избори, да ги прифатат резултатите кои ќе произлезат од тие избори.

-За да се случи тоа, треба да се преговара меѓу партиите од опозицијата и партиите од власта, без оглед на тоа каква е опозицијата, а каква е власта, и кој ќе биде во партиските преговарачки тимови, оцени Ѓилас за неделникот Време.

Тој, објаснувајќи дека е потребно да се намалат тензиите за да се дојде до избори, истакна дека „живееме во земја преполна со тензии, агресија, омраза, во која утре не е можно да се организираат фер и чесни избори, бидејќи кој знае до што би довеле тензиите.”

На прашањето зошто на протестите бројот на граѓаните е многу помал отколку пред еден или два месеци, Ѓилас рече дека „не можете да очекувате луѓето да шетаат секој петок или сабота, од недела на недела”.

Тој рече дека најмногу граѓани имало на прошетката „за Оливер Ивановиќ и на 13 април, а ќе има повторно на есен, доколку ништо во оваа земја не се промени.”

– Повторно ќе има луѓе во голем број на улиците. Таа енергија не може да исчезне, таа е таму. Таа доведе да денес во Србија, коалицијата околу СНС може под овие (не) услови да добие 43 отсто, а обединета опозиција 41 отсто – рече Ѓилас.

Според него, 19 отсто од луѓето во анкетите велат дека се „за опозицијата, но не знаат за кого .

-Тогаш доаѓа СзС со 15 отсто и така натаму. Овие луѓе ќе излезат на гласање и затоа се залагам на изборите да мора да има една опозициска листа. Нема друго. Но, за да се дојде до овие избори, мора да се променат изборни услови и мора да се променат медиумите – рече Ѓилас.

Според него, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, „живее како во Матрикс – живее во виртуелниот свет на медиумите, а медиумите му се сè”.

-Тој вледее со медиумите, плус со парите и со притисок врз луѓето, со разни екипи кои одат низ Србија и се закануваат, тој не владее со резултати, бидејќи ги нема, изјави Ѓилас за неделникот Време.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...