Момче на 24 години од Крива Паланка пред два дена влегло во стан на негов сограѓанин преку вратата која бил отклучена и го претепал барајќи му пари.
– Оштетениот одбил да му даде пари, по што осомничениот започнал да го удира со раце и нозе по целото тело. Од ударите оштетениот се здобил со тешки телесни повреди – наглечување на глава и на мозок и фрактура на носот. Потоа осомничениот со нож се заканил, повторно барајќи пари од оштетениот. Бидејќи повторно не успеал во намерaта, со употреба на сила извршил пребарување низ џебовите на жртвата и одзел 370 денари, по што избегал – соопштија од кумановското обвинителство.
За разбојникот е отворена истрага, а тој во моментов се наоѓа во 30-дневен притвор.