Германскиот парламент денеска расправаше, и го поддржа членството на Северна Македонија во НАТО, но пратениците влегоа во отворен конфликт поради оддолжувањето на расправата за преговорите со ЕУ, јавува „Дојче Веле“.
Атмосферата ја разгоре пратеникот на опозициските Зелени, Јирген Тритин, кој оцени дека околу почетокот на преговорите на Скопје со Брисел има судир и во самата влада.
– Мојот сомнеж е дека Канцлерамтот (канцеларијата на Меркел) и ЦДУ сакаат да ја одложуваат дебатата на оваа тема сѐ додека Нова Демократија не дојде на власт во Грција за да ја блокира Северна Македонија во ЕУ – рече пратеникот, потсетувајќи дека Европската комисија донела јасна препорака за почеток на преговорите.
Критикувајќи ја таквата политика, Тритин праша дали некој сака Северна Македонија да влезе само во НАТО, но не и во ЕУ, и дали нејзините граѓани треба да се третираат како „Европејци од втора класа“.
Целиот извештај на „Дојче Веле“ можете да го прочитате ТУКА.
Photo: EPA