Најдобриот аргентински фудбалер, Лионел Меси ги искажа своите видувања за претстојните настапи на неговата репрезентација во Купот на Америка.
– Ние се приближуваме кон турнирот со иста возбуда и став како и обично, но реалноста е дека тимот сега поминува низ генерациски промени. Аргентина, како и секогаш, оди да го освои трофејот. Можеби нашите шанси се пониски отколку во претходните години, но сакаме да ја освоиме Копа Америка – изјави Меси.
Турнирот ќе се игра во Бразил од 14 јуни до 7 јули. Аргентина ќе игра во групата Б заедно со Колумбија, Парагвај и Катар.
Во рамките на подготовките за турнирот, Аргентинците в сабота во Сан Хуан ќе одиграат пријателски натпревар со Никарагва.
ФОТО: EPA / ALEJANDRO GARCIA