Кралот на валцерот дојде во Скопје со 9 шлепери и со оркестар од 60 члена

1248

Мегапопуларниот диригент и виртуоз на виолина Андре Риу вечерва во 20 часот, во Вип aрената „Борис Трајковски“ во Скопје, ќе настапи пред македонската публика.

Риу прославуван како современиот „крал на валцерот“ дојде заедно со својот 60-член оркестар „Јохан Штраус“ и уште 20-тина гости музичари кои ќе го придружуваат на сцената, но и тим составен од повеќе од 50 професионалци кои се грижат за продукцијата и техничката реализација на концертот.

Риу секаде ширум светот настапува пред 600.000 публика годишно, надминувајќи ги дури и супер-ѕвездите како Бруно Марс, Еј-Си/Ди-Си или Ријана. А концертите на харизматичниот Холанѓанец се огномет од емоции. На речиси 100 концерти годишно, Риу гарантира совршена забава со светски познатите, романтични мелодии, како и со бројни изненадувања, хумор и првокласни интернационални солисти.

Андре Риу пристигна во Скопје со целосна сопствена продукција, 9 шлепери со опрема, комплетна костимографија и сценографија, речиси 80 музичари на сцена и повеќе од 50 луѓе задолжени за техничката реализација.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...