Владата ќе молчи за „бомбите“ на „Ел Чека“

100

Владата останува на ставот на МВР што го изнесе пред неколку дена во врска со објавувањето на последните „бомби“, изјави денеска владиниот портпарол Мухамед Хоџа.

Тој одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во врска со објавување прислушувани разговори на Фејсбук истакна дека Владата нема да го коментира тоа што се случува последно време со „бомбите“ и оти за тој случај надлежните институции, во случајот МВР, за тоа веќе ја информирала јавноста.

– Тоа што го кажав останува. Владата нема повеќе да коментира. Ставот на Владата е тоа што го соопшти МВР пред неколку дена – рече Хоџа.

Минатата недела МВР соопшти дека лицето кое ги постирало т.н. бомби со прислушувани разговори на Фејсбук е детектирано и дека полицијата во соработка со Јавното обвинителство работи на целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...