Кристијано Роналдо со три постигнати погодоци во полуфиналето против Швајцарија (3:1), ја однесе Португалија во финалето од Лигата на нации.
– Многу сум среќен што и помогнав на Португалија да стигне до финалето на Лигата на нациите! Честитки момци. Благодарам на португалските навивачи за фантастичната поддршка. Напред Португалија – напиша Роналдо на Инстаргам.
Во финалето, Португалците ќе играат со победникот од натпреварот Холандија – Англија, кој ќе се игра вечер од 20:45 часот.
Финалето е предвидено за 9 јуни.
ФОТО: EPA / JOSE COELHO