Во „Рамстор мол“ денеска ќе почне летен саем на книга кој трговскиот центар во соработка со Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) го организира до 12 јуни.
Ќе учествуваат неколку издавачки куќи и книжарници (ТРИ, Просветно дело, Литература МК, Култура, Икона, Ѓурѓа, Сакам книги, Полица, Топер, Антолог, Едука Мак) и ќе бидат понудени повеќе од илјада наслови по намалени саемски цени.
Според претседателот на МАИ, Бојан Саздов, оваа година летниот саем на книга ќе биде и интерактивен со секојдневно дружење на писатетлите и авторите. Целта е, вели тој, да ја доближи книгата до читателите.
– Токму затоа оваа година нашите реномирани издавачи се погрижија да подготват уште поатрактивна саемска понуда, збогатена со многу настани, како средби со автори, потпишувања… – истакна Саздов.