Четвртфиналниот натпревар меѓу Александер Зверев и Новак Ѓоковиќ, кој требаше да се игра денеска попладне, е одложен за утре во 14 часот, поради дождот кој заврна во француската метропола.
Организаторите на турнирот го објавија и новиот распоред, според кој германскиот и српскиот тенисер ќе ги одмерат силите на теренот „Филип Шатрије“ со почеток во 14 часот.
Германскиот тенисер денеска се осврна на дуелот со светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ, кого го најави како голема борба.
– Имам само една желба – ова да биде одличен меч и голема борба. Новак е светски број еден и ќе биде тешко да се игра против него – порача Зверев.
Инаку, во вторникот полуфинале во машка конкуренција обезбедија Роџер Федерер и Рафаел Надал, додека во женска конкуренција Џоана Конта и Маркета Вондрошова.