Прва парада на хетеросексуалците во САД , Бред Пит ќе им биде маскота

1018

Американците во август ќе ја добијат првата Стрејт парада, парада на хетеросексуалци откако група активисти од Бостон успешно се избори за одржување на тој настан.

Организаторот на настанот Марк Сахади на Фејсбук најави дека по поднесувањето жалби поради дискриминација, градот Бостон „сфатил дека ќе загуби парници“ и дал дозвола за одржување на парадата.

Парадата е планирана за 31 август оваа година. На тој настан ќе се слави хетеросексуалноста, љубовта кон спротивниот пол.

Организаторите на Стрејт парадата дизајнираа свое знаме и го означија Бред Пит за своја маскота. Масачусетс, каде е Бостон, е прва држава што легализираше бракови од ист пол во 2004 година и таму е склучен првиот истополов брак во САД.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...