Мајката на Пино за мотивот: Љубомора, не би знаела друго зошто

1960

„Не разговаравме за мотивот. Љубомора… Не би знаела друго зошто“, рече мајката на убиениот Пинета Секондо, Маја Трпковска, која денеска беше во обвинителството да даде исказ.

Таа се пожали и на односот на полицијата додека го барала нејзиниот син велејќи дека ѝ спуштале телефони и ѝ велеле да не замара.

Пино на 11 декември 2018 година беше пријавен за исчезнат. На 29 април граѓанин пријавил во полиција дека на место викано Башинец во атарот на село Љуботен пронајден е човечки скелет покриен со камења, а еден месец подоцна, во петокот беше обелоденето оти надлежните го утврдиле неговиот идентитет.

За убиството осомничено е едно лице кое е во бегство, а потоа осомничена стана и девојката на Пино, која се наоѓа во притвор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...