Сејдини му честиташе на Инфантино што повторно е на чело на ФИФА

97

Првиот човек на македонскиот фудбал, Муамед Сејдини, му честиташе на Џани Инфантино за реизборот на чело на ФИФА.

Тој сподели дека администрацијата на светската централа досега постигнала исклучителни резултати и успеси во досегашните проекти под раководство на Швајцарецот.

– Во име на ФФМ и мое лично би сакал да му честитам на изборот на Џани Инфантино и да посакам многу среќа и успех во работата. Не се сомневам дека во тоа ќе има полна поддршка од Извршниот комитет на ФИФА, како и од членките асоцијации на Светската фудбалска асоцијација, меѓу нив, секако и Фудбалската федерација на Македонија. Џани се докажа како исклучителен лидер на ФИФА, заедно со неговиот тим и администрацијата на ФИФА постигнаа одлични резултати и успеси во проектите и убеден сум дека во таа насока ќе продолжи, вели Сејдини, цитиран од ФФМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...