Меган го нарече Трамп „женомразец“, а тој ѝ возврати дека е злобна и лоша

Гостувајќи кај Пирс Морган, американскиот претседател Доналд Трамп се осврнал и на самата Меган Маркл, војвотката од Сасекс.

2932
ФОТО: EPA / ANDY RAIN

Уште во 2016 година Меган Маркл го опишала Доналд Трамп како „женомразец“ и рекла дека размислува за тоа да ја напушти родната Америка доколку него народот го избере за нов претседател. И тоа се оствари, иако Меган ја напушти Америка поради други причини, љубовни, но изјавата остана и неодамна беше извлечена од нафталин.

Гостувајќи кај Пирс Морган, американскиот претседател Доналд Трамп се осврнал и на самата Меган Маркл, војвотката од Сасекс, па му рекол на водителот: „Таа беше злобна и лоша кон мене. Во ред е таа да биде лоша, но не е во ред јас да бидам лош кон неа, затоа и не бев. Знаете што? Таа прави добра работа и се надевам дека ужива во животот. Мислам дека таа е многу мила.“

Во текот на интервјуто се осврнал и на сопругот на Меган, принцот Хари, и шушкањата дека Хари го избегнувал во Бакингемската палата во текот на службениот прием.

– Не, не, беше сосема спротивното. Всушност, тој долго време разговараше со Иванка и моето семејство. Беше исклучително љубезен и кон мене, не можеше да биде подобар. Мислам дека тој е прекрасна личност – рекол Трамп.

На прашањето дали принцот го прашал нешто за Меган и за неговото мислење за неа, Трамп одговорил: „Не разговаравме за неа, иако јас сакав, имајќи предвид дека сè беше претерано во врска со тоа. Кога ќе погледнете сè што беше напишано, всушност, сè е спротивно од она што навистина го кажав. Ми рекоа што Меган рекла за мене, а јас реков дека не сум знаел дека е зла. Притоа не мислев дека таа, како личност е зла, туку дека грдо зборува за мене.“

ФОТО: EPA/ANDY RAIN

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...