Јанева дала одобрение да му биде вратен пасошот на Камчев

191
20160212 Friday katica janeva

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска изјави дека дала одобрение да му биде вратен пасошот на одредено време на бизнисмениот Орце Камчев бидејќи тој требало да учествува во некој управен одбор во странство, но не прецизираше каде.

– Не би сакала да бидам адвокат на Орце Камчев во смисла на тоа да го бранам. Сметавме дека е потребно да му се даде пасошот бидејќи истрагата во делот на прибирање на финансиската документација е прибрана и се анализира во моментот – изјави Јанева.

Taa додаде дека соработуваат и адвокатите и другите обвинети во предметот. –

– Поената на СЈО е да истражиме дали има коруптивни елементи, валкани пари во делот на високите функционери. Затоа тука е осомничен и Сашо Мијалков, а другите осомничени лица се помошници на Орце Камчев – истакна Јанева.

Специјалната јавна обвинителка посочи дека обвинителството дава само мислење, а судот е тој кој ја донесува одлуката за враќање на паасошот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...