Министерот за надворешни работи, Никола Димитров во името на Македонија му се извинил на германскиот државјанин со либанско потекло, Калед ел-Масри, за незаконското апсење во 2004 година во Скопје.
Во писмо испратено до Ел Масри, а кое го објави Отворено општество иницијатива за правда и Американското здружение за заштита на човековите слободи, Димитров изразил длабоко извинување и искрено жалење за несоодветното однесување на властите, како резултат на што претрпел неизмерливи и болни искуства, тешки физички и психички повреди и болки.
Ел Масри беше држен во изолација, а потоа и предаден на ЦИА, во рамки на тајната програма на американската агенција за предавање и мачење, која беше усвоена по терористичките напади во САД на 11 септември 2001 година.
Во 2012-та година, македонската Влада плати отштета од 60.000 евра поради прекршување на Европската конвенција за човекови права.
Фото: EPA/STEFFEN KUGLER