Мохамед Салах. Ова е личноста која стана општествен феномен. Фудбалерот на Ливерпул е обожаван во Египет. Таму играчот им помага на сиромашните, гради училишта и ја обединува целата земја. Но, неговото влијание е многу поголемо. Веќе се рашири низ цела Англија.
Мохамед Салах премина во Ливерпул во 2017 година и го промени ставот кон исламот во Мерсисајд. Докази за тоа претставуваат дури и научниците.
Лабораторијата за имиграциска политика (Immigration Policy Lab) е голема меѓународна група предавачи и студенти од универзитетите во Стенфорд и Цирих, кои студираат имиграциона политика. Тие собираат податоци за предметот, спроведуваат социолошки истражувања и анализираат по оваа основа. Целта е да се најде решение за проблемите со бегалците во светот.
Во врска со Салах и начинот на кој Египќаните и муслиманите се прифатени во Ливерпул и Островот, научниците велат:
„Со доаѓањето на Мохамед Салах во Ливерпул бројот на злосторства на основа на екстремизам во Мерсисајд е намалено за 18,9%. За анализата се користени 25 полициски департменти. Студијата не го зема предвид зголемувањето на злосторствата поврзани со дрогата и прекршувањата на јавниот ред“.
Лабораторијата анализира 15 милиони Твитер објави по доаѓањето на Салах во Ливерпул. Износот на антимуслиманските коментари од навивачите на „црвените“ се намалиле за два пати (од 7,2 до 3,4 отсот). Кај другите поддржувачи од Премиер лигата, бројките се спротивни – тие се зголемија.
Од Лабораторијата за имиграциска политика поставиле прашања до 8 илјади навивачи на Ливерпул и стигнале до заклучок дека поради напаѓачот, приврзаниците почнале да се интересираат повеќе за исламот. Важен индикатор се промуслиманските скандирања од трибините на „Енфилд“. Според истражувачите, личноста на Салах и неговата отвореност кон верата помагаат да се разберат муслиманите во европското општество.
ФОТО: EPA / PETER POWELL