Борко Ристовски се сели во Бенфика

355

Голманот на ракометната репрезентација на Македонија, Борко Ристовски ќе биде нов член на Бенфика, објави португалскиот медиум „О’Жого“.

Ристовски е двократен шампион на Шпанија со екипата на Барселона, а претходно настапуваше и за Рајн Некар Левен, со кого исто има шампионска титула во Германија, како и за Кретил, Гумерсбах, Вардар, Металург.

Минатата година голот на португалскиот гигант го бранеше друг Македонец – Николче Митревски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...