САД тврдат руски „Сухој“ пресретнал нивни авион над Средоземното Море, Русија со друга приказна

246

Според извештај на американската Шеста флота, руски „Сухој“ вчера најмалку три пати пресретнал американски авион „Посејдон П-8А“ над Средоземното Море.

Американската флота наведува и дека едно од тие пресретнувања било „небезбедно“ и оти Русите ја ставиле во голем ризик посадата на американскиот воен авион.

Според Шестата флота „американскиот воен авион летал во меѓународен воздушен простор, почитувајќи го меѓународното право и не ја провоцирал руската страна“.

Министерството за одбрана на Русија го демантираше соопштението на американската флота за наводно небезбедно пресретнување на американски авион од страна на руски Сухој.

– Руските средства за контрола на воздушниот простор во авио-базата Хмејмим на 4 јуни околу 11.30 (по средноевропско време) над неутралните води на Средоземното Море забележаа воздушна цел која се доближува кон руската поморска бази Тартус – соопшти Министерството за одбрана.

Министерството истакна дека полетал ловец Су-35 од составот на дежурната противвоздушна одбрана во руската воздухопловна база Хмејмим за да ја препознае воздушната цел. На безбедна оддалеченост екипажот на рускиот ловец го идентификувала воздушниот објект како американски извиднички авион П-8А „Посејдон’.

– Откако американскиот авион ја смени насоката на движење, рускиот ловец се врати во воздушната база – се додава во соопштението.

Покрај тоа, во 14.41 по средноевропско време, руските радари забележале доближување на американски извиднички авион П-8А „Посејдон“ до руската поморска база Тартус.

– Полета дежурен екипаж на руски Су-35 кој се доближи на безбедна оддалеченост и го спроведе американскиот авион се додека П-8А не ја смени насоката на летање и отиде вон воздушниот простор кој го контролира противвоздушната одбрана – стои во соопштението.

Министерството за одбрана истакнува дека сите летови на руските авиони биле извршени во согласност со меѓународните правила за користење на воздушниот простор. Руската команда не примила жалби од Американскиот центар за намалување на ризици на летови во Сирија.

Американската Шеста флота претходно соопшти дека руски „Сухој“ вчера најмалку три пати пресретнал американски авион „Посејдон П-8А“ над Средоземното Море.

Американската флота наведува и дека едно од тие пресретнувања било „небезбедно“ и оти Русите ја ставиле во голем ризик посадата на американскиот воен авион.

Според Шестата флота „американскиот воен авион летал во меѓународен воздушен простор, почитувајќи го меѓународното право и не ја провоцирал руската страна“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...