Рено ги одложи разговорите за соединување со Фиат Крајслер

87

Француската автомобилска компанија „Рено“ денеска ги одложи разговорите за соединување со италијанско – американската компанија „Фиат Крајслер“ (ФЦА), иако Управниот одбор на „Рено“ вчера, по состанокот во своето седиште, во близина на Париз, соопшти дека одлучиле денеска повторно да се сретнат и да ја разгледаат понудата на компанијата „Фиат Крајслер“ за соединување.

По неколкудневни преговори, „Фиат Крајслер“ предложи „трансформативен“ договор за спојување со француската автокомпанија „Рено“.

Италијанско-американскиот гигант претходно соопшти дека со таа спогодба ќе се создаде производител на автомобил што ќе продава 8,7 милиони возила годишно, на сите клучни пазари.

– Благодарение на новите технологии, таквата компанија ќе има и до пет милијарди евра годишна заштеда. Широкото и комплементарно портфолио на двата бренда ќе овозможи целосна покриеност на пазарот, од луксуз до секојдневие – се наведува во соопштението на ФЦА.

По исплата на специјална дивиденда од 2,5 милијарди евра на акционерите на ФЦА, секоја групација треба да добие по 50 отсто од комбинираниот ентитет во нови акции.
Притисокот за консолидација меѓу производителите на автомобили е предизвикан од електрификацијата, заострување на прописите за емисија на штетни гасови и поскапите нови технологии.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...