Најголемите обожаватели на брачната двојка Амал и Џорџ Клуни со неверување ја дочекаа веста дека и тие можат да ја испробаат својата среќа и можеби да го освојат она за што сонуваат – да го запознаат славниот холивудски актер и неговата прекрасна сопруга, адвокат и голема хуманитарка, и со нив да поминат еден ден во нивната вила на езерото Комо.
Ако уплатите само 9 евра ќе имате големи шанси токму вас да ве извлечат и да бидете среќникот кој, со својата придружба, ќе ужива на ручекот во вилата „Олеандри“, изградена во 18. век на италијанското езеро Комо, но на светот најпознатa по славните сопственици. Секако, станува збор за луксузна вила во сопствеништво на Џорџ и Амал, а токму тие ќе бидат домаќините на таа вечера.
Во таа вила веќе престојувале и други славни личности, како Меган Маркл и принцот Хари, Џенифер Анистон, семејството Бекам, но сепак, добитниците на оваа вечера, нема да можат, како нив, таму и да преспијат, но сепак, ќе видат дел од сè.
Педесетосумгодишниот актер Клуни, одлучил преку Омазе, платформа за собирање финансиски средства за потребите, да понуди дружење и со неговата 41-годишна сопруга Амал, а сè со цел да се соберат уште повеќе пари за нивното добротворно здружение – Clooney Foundation for Justice.