Четиринаесетгодишно девојче во саботата исчезнало од домот на родителите во Србија. Тие пријавиле дека некој го киднапирал, а најпрво се сомневале дека било земено од постар човек.
Денес приказната добила пресврт, бидејќи наводно, девојчето побегнало со 20-годишниот братучед.
Ова го потврдил и нејзиниот татко.
– Не е киднапирано, само отишло со братучедот. Полицијата не знае каде е, а ние се сомневаме дека се кријат кај вујкото во Белград – рекол тој.
Девојчето, наводно, и покрај забраната на родителите, веќе некое време било во инцестна врска со својот братучед.