Американскиот претседател Доналд Трамп верува во Брегзит, но загрижен е поради тоа колку долго трае, изјави политичарот и заговорник за излез на Британија од ЕУ Најџел Фараж.
– Трамп апсолутно верува во Брегзит, мисли дека тоа е вистински избор за земјата и загрижен е поради тоа колку долго трае – рече Фараж во својата ЛБЦ радио програма.
Партијата за Брегзит на Најџел Фараж победи на изборите за Европски парламент во Британија, додека најголемите партии – опозициските лабуристи и владејачките конзервативци претрпеа големи загуби.
Фараж после изборите побара да учествува во преговорите за Брегзит и предупреди дека „ќе ја сврти“ британската политика, ако неговото барање не биде прифатено.
ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS