Метео Салвини и Луиџи ди Мајо, потпретседателите на италијанската Влада синоќа се договорија заедно да работат во интерес на политичката стабилност на Италија.
Лидерот на движењето Пет ѕвезди, Ди Мајо истакна дека со Салвини пронашле „здраворазумско решение“.
– Никогаш не престанавме да работиме, избегнувајќи да одговараме на полемики, на навреди и затоа Италијанците ни дадоа признание со девет милиони гласови минатата недела (на изборите за Европскиот Парламент) – напиша на Твитер лидерот на Лига, Салвини.
Италијанскиот премиер Конте во понеделникот ги предупреди Салвини и Ди Мајо дека доколку нивните партии не ги надминат несогласувањата, тој ќе поднесе оставка.
ФОТО: EPA / FABIO FRUSTACI