Австрискиот вицеканцелар од „Скандал Ибица“ ги тужи германските весници за снимките

Германското спиание „Шпигл“ и дневниот весник „Зидојче цајтунг“објавија видео снимки, направени пред две години на Ибица, поради кои Штрахе беше принуден да поднесе оставка на сите политички функции.

229

Доскорешниот австриски вицеканцелар и поранешен лидер на Слободарската партија на Австрија (ФПО) Хајнц-Кристијан Штрахе поднесе кривична пријава против германското спиание „Шпигл“ и дневниот весник „Зидојче цајтунг“ во врска со т.н. „Скандал Ибица“, која доведе до негово повлекување од политичката сцена.

Овие два весника објавија видео снимки, направени пред две години на Ибица, поради кои Штрахе беше принуден да поднесе оставка на сите политички функции. На видео-снимките Штрахе, на наводна внука на руски олигарх и нуди државна зделка во замена за финансиска помош за неговата партија и воедно и дава совети како да ги заобиколи контролните власти во Австрија.

Адвокатот на Штрахе веќе поднесе кривични пријави против сите лица кои учествувале и кои биле одговорни за снимањето, ширењето и објавата на видео материјалите. Меѓу оние против кои е поднесена кривична пријава се и еден детектив, како и босанската студентка која лажно се претставувала како внука на руски милијардер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...